Поврзете се со нас

Англија

Катастрофалниот шут на Де Брујне најдобро ја отслика немоќта на Сити против Ливерпул (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити доминираше во сите статистички податоци против Ливерпул, освен во најважниот фудбалски елемент кој во целост им припадна на гостите од „Енфилд Роуд“.

Ливерпул делуваше како казнена експедиција и постигна два погодоци во првото полувреме, а тоа се покажа како доволна за прва победа на „Итихад“ во Премиер лигата по пауза од десет години.

Мо Салах беше инспиратор на големиот триумф со гол и асистенција, но мора да се признае дека Ливерпул беше поблиску до трет гол, отколку Сити до почесен на ова дерби.

Иако ја имаше топката во своите нозе и напаѓаше во текот на сите 90 минути, тимот на Пеп Гвардиола не беше конкретен и немаше решенија во завршната третина, а најдобра отслика за нивната игра е еден обид на Кевин Де Брујне пред крајот на полувремето.

Во отсуство на Халанд, домашните фудбалери не можеа да испратат употреблива топка во шеснаесетникот, па тоа направи да видиме еден ужасен шут на Де Брујне на кој сеир му фатија гостинските навивачи во Манчестер.

Моментот погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни