Поврзете се со нас

Италија

Катастрофалниот потег на Влаховиќ ја отслика мизеријата на Јуве против Аталанта (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/juventusfc

Душан Влаховиќ веќе подолго време нема улога на стартер во тимот на Тиаго Мота, па вчера доби шанса во ситуација кога натпреварот веќе беше решен.

Србинот влезе на место на Коло Муани во 75-та минута при резултат 0:3 за Аталанта, а иако целта беше да се постигне барем почесен гол, напаѓачот многу брзо се најде во центарот на вниманието поради катастрофална грешка.

Две минути по влегувањето, Влаховиќ се лизна на средината на теренот и иницираше една контра на Аталанта, која брзо во гол ја претвори Адемола Лукман.

На крајот испадна дека Влаховиќ му асистираше на Лукман за четвртиот гол на Аталанта на мечот во Торино, погодок кој испадна дека е историски во негативен контекст за Јувентус.

Лошиот потег на Влаховиќ едноставно ја отслика мизерната игра на Јувентус во дербито со Аталанта, на кое „старата дама“ го претрпе најтешкиот пораз во домашното првенство во последните шест децении.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни