Поврзете се со нас

Шпанија

Катастрофални вести за Реал: Винисиус Жуниор го очекува долга пауза од терените

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Реал Мадрид нема среќа со повредите во оваа сезона и некако постојано има лоши вести за тренерот Карло Анчелоти.

Во изминатиов период продолжи таа низа и тоа со повреди на двајца исклучително важни фудбалерите, првиот е Едуардо Камавинга кој ќе биде во аут осум до десет недели за да сега непријатна информација стигне и за Винисиус Жуниор.

Бразилецот се повреди при настапот за националниот тим, има кинење на феморалниот бицепс и ќе мора да биде во „аут“ два и пол месеци. Ова е удар за „кралевите“ со оглед на тоа што Вини ќе пропушти голем број на средби, поточно би можел да се врати дури во вториот месец од 2024 година.

Тој нема да му биде на располагање на Анчелоти за пресметките со Кадиз, Гранада, Бетис, Вилјареал, Мајорка, Алавес, Хетафе, Алмерија и Лас Палмас во Примера, потоа ќе ги пропушти соочувањата со Наполи и Унион Берлин во ЛШ, а ќе биде недостапен и за пресметките во Супер Купот на Шпанија (полуфиналето против Атлетико Мадрид и евентуалното финале против Барселона или Осасуна).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни