Поврзете се со нас

Англија

Катастрофални вести за премиерлигашот: Њукасл остана без клучен дефанзивец до крајот на 2024 година

Објавено

на

foto: www.facebook.com/newcastleunited

Премиерлигашот Њукасл се мачи со повреди низ цела сезона, а тие проблеми остануваат и надградуваат ако се земе предвид последната лоша вест за составот од северот на Англија.

Имено на средбата со Манчестер Сити во рамките на ФА Купот се повреди Свен Ботман, повреда која е од најтежок карактер и го очекува долга пауза од терените.

Настрадаа лигаментите на десното колено и ќе мора да оди на операција по што ќе следи долг процес на рехабилитација кој ќе трае од 6 до 9 месеци со што слободно може да се заклучи дека оваа година е завршена за него.

Тој и претходно имаше проблеми со ова колено, се бараше решение да не оди на операција за да на крајот се случи најпосакуваното сценарио во кое губи како клубот така и играчот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни