Поврзете се со нас

Шпанија

Катастрофални вести за Барселона: Пике го очекува долга пауза од терените!

Објавено

на

blank

Барселона го загуби мечот со Атлетико Мадрид (1-0), но тоа дефинитивно не е најлошата вест за каталонците од пресметката на „Ванда Метрополитано“.

Атлетико ја доби дерби пресметката со Барселона, каталонците загубија и двајца првотимци (ВИДЕО)

Шпанскиот вицешампион за време на мечот остана без двајца стандардни првотимци Жерард Пике и Серхи Роберто, а првите информации кои доаѓаат за стоперот се катастрофални затоа што ако истите се потврдат тој долго време нема да му биде достапен на тренерот Роналд Куман.

Пике настрада при еден дуел со Анхел Кореа и веднаш се виде дека е нешто посериозно по неговата реакција, но и тоа што со помош мораше да го напушти тревникот на „Ванда Метрополитано“. Според првите прегледи, Жерард поради повредата на коленото ќе отсуствува меѓу четири и шест месеци.

Останува да се направат детални тестови, но најавите не се оптимистички и ако е потребна операција тогаш јасно е дека Пике многу тешко би се вратил во оваа сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни