Поврзете се со нас

Шпанија

Катастрофални бројки: Шпанија го доби најлошиот тим во историјата на Ла Лига (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/U_D_Almeria

Шпанската Ла Лига полека добива едносотран тек кога е шампионската битка во прашање и се чини дека Реал Мадрид нема вистински ривал за трофејот, особено откако „кралевите“ и одржаа фудбалска лекција на Џирона изминатиот викенд.

Останатите кандидати како Барслеона и Атлетико Мадрид не се на потребното ниво од самиот старт на кампњата и се чини дека Реал лесно ќе измаршира до нова домашна титула, но во оваа фаза од сезоната, доста јасна судбина и има еден тим од опасната зона.

Алмерија освои само 7 бода во досегашниот тек на сезоната и вчера успеа да ремизира со Атлетик Билбао, но фактот што не победи направи да биде најслабиот тим во историјата на Примера.

Тимот кој го води Гаритано е единствениот во историјата кој не запишал барем една победа од 24 одиграни рунди, а билансот на Алмерија е 7 реми средби и дури 17 порази.

Покрај овој негативен рекорд, Алмерија со вчерашното реми израмни уште еден засрамувачки податок, односно е првиот тим по Леванте кој нема победено на 27 последователни натпревари во Ла Лига.

Последната победа за Алмерија датира од мај кога славеше над Мајорка, па доколку не победи на следниот меч со Гранада, ќе постави уште еден негативен рекорд во шпанската фудбалска елита.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни