Поврзете се со нас

Англија

Катастрофалната статистика на Де Хеа (ФОТО)

Објавено

на

Составот на Манчестер Јунајтед не успеа да го положи последниот испит во оваа сезона и со трофеј да ја заврши натпреварувачката 2020/2021.

Премиерлигашот не го оправда статусот на фаворит и загуби од Вилјареал во финалето во Лига Европа. Пресметката во Гдањск не донесе премногу возбудувања и квалитетен фудбал, па така падна по еден гол на двете страни, резултат кој остана непроменет и во продолженијата за да пеналите го решат победникот, серија во која „жолтата подморница“ беше подобра со 11-10.

Битката на голманите се покажа како решавачка, Херонимо Руљи прво биеше прецизно за водство, а потоа го прочита колегата Давид Де Хеа за големо славје и прв трофеј за Вилјареал.

Оваа ситуација извади на површина еден катастрофален податок кога е во прашање Де Хеа, а тоа е дека е многу лош кога се во прашање пеналите. Тој во финалето не скроти ниту една удар на ривалот од белата точка или севкупно нема одбрането пенал од април 2016 година кога го прочитал Ромелу Лукаку.

Ова значи дека Шпанецот морал да ја вади топката од мрежата во последните 36 пенали. Лошото издание на првиот голман на Јунајтед беше потврдено и со фактот што во финале не забележа ниту една одбрана низ сите 120 минути и пенал серијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни