Поврзете се со нас

АТП

Катастрофа за Карлос Алкараз пред УС Опен – протече снимка од кобниот момент

Објавено

на

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го повреди зглобот на тренинг на УС Опен. Веднаш престана дa тренира и отде во соблекувалната.

Карлос Алкараз е еден од фаворитите за освојување на УС Опен оваа сезона, но младиот Шпанец е пред сериозен предизвик бидејќи се повреди на тренинг.

Алкараз одигра тренинг меч со аргентинскиот тенисер Франциско Черундола. Додека се обидуваше да врати една топка, го изврте зглобот и седна на клупата.

Тој разговараше со својот тим неколку минути. На крајот беше донесена одлука да престане да тренира и Шпанецот замина во соблекувалната.

Информации за тежината на повредата на шпанскиот тенисер најверојатно ќе има наскоро. Се надеваме дека не е ништо сериозно и дека Алкараз ќе биде подготвен за предизвиците кои претстојат.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни