Поврзете се со нас

Светски првенства

Катарците со невообичаени подготовки за мундијалот на домашен терен

Објавено

на

Катар ќе биде првата азиска земја домаќин на едно светско фудбалско првенство, а годинешниот ќе биде и прв мундијал кој ќе се одржува во ноември и декември.

Друг невообичаен момент поврзан со домаќинот на турнирот е и начинот на кој ќе се подготвува катарската репрезентација за настап на ова СП.

Катарскиот селектор Феликс Санчез избра состав од 27 фудбалери кои ќе минат заедно дури шест месеци во тренинг камп.

Првата фаза е во Шпанија, а потоа националниот тим на Катар ќе тренира во Австрија, каде ќе одигра и неколку пријателски натпревари.

Експертите велат дека периодот од шест месеци е предолг и може да доведе до ментално заситување на фудбалерите еден од друг, а притоа членовите на репрезентацијата нема да играат други натпревари, што може да има негативен ефект.

Инспирација очигледно биле подготовките на Јужна Кореја за СП 2002, кога азиската репрезентација беше пет месеци во камп, а подоцна стигна до полуфиналето на мундијалот чиј коорганизатор беше.

Противници на Катар во групната фаза ќе бидат Еквадор, Сенегал и Холандија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни