Катар сака уште едно Светско првенство

qatari

За малку повеќе од еден месец Катар ќе биде домаќин на Светското ракометно првенство, во 2022 година ќе биде домаќин на фудбалскиот мундијал, а раководните структури во оваа земја го посакуваат и Светското кошаркарско првенство.
Богатата азиска држава поднела кандидатура за првенството кое ќе се одржи во 2019 година, а доколку не успее да ја добие организацијата, повторно ќе се кандидира за СП во 2023 година.
Противници на Катар за шампионатот по пет години ќе бидат Кина, Филипините, Турција, Германија и заедничката кандидатура на Германија и Франција.
ФИБА ќе ја донесе одлуката во јуни наредната година.

Facebook Коментари