Поврзете се со нас

Свет

Катанец ќе го пропушти тренинг кампот во Катар, медиумите тврдат дека се бори со тешка болест

Објавено

на

Поранешниот македонски селектор, Среќко Катанец, веќе неколку години ја води репрезентацијата на Узбекистан, но месецов повторно не може да ги извршува своите обврски поради сериозен здравствен проблем.

Словенечката легенда требаше да ги предводи репрезентативците на тренинг камп во Катар, но неговата работа ќе ја преземе првиот асистент Алеш Чех, додека федерацијата потврди дека причина за отуството на селекторот е лекарска препорака.

Катанец веќе неколку пати правеше пауза од своите обврски како селектор на Узбекистан, а иако нема официјална информација, локалните медиуми шпекулираат дека се бори со рак.

Во минатото, Катанец самиот потврди дека имал неколку операции откако навреме не го послушал своето тело, за сега неколку портали да тврдат дека се работи за тешка болест која му создала сериозни проблеми на Словенецот.

Истите медиуми пренесуваат дека ова е веќе четврти пат како Катанец не може да ја води репрезентацијата и федерацијата размислува за негова смена.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни