Поврзете се со нас

Шпанија

Каталонскиот тим во акција во јануари: Миовски ќе добие конкуренција во Џирона

Објавено

на

foto:x.com/GironaFC_ENGL

Џирона ги нема истите резултати како минатата сезона што е и очекувано по заминувањето на доста важни играчи, но и фактот дека клубот игра во Европа и тоа во Лигата на шампионите, односно не е лесно да се игра во повеќе натпреварувања особено за мал тим како што е тој од Каталонија.

Се ближи зимскиот преоден рок и шпанскиот медиуми пренесуваат дека Џирона ќе биде активна во истиот со тоа што има поставено приоритет, ангажман на нов напаѓач. Составот од „Монтоливи“ минатово лето го загуби најдобриот стрелец Артем Довбик, а беа ангажирани играчи како нашиот Бојан Миовски и Абел Руиз.

Меѓутоа Миовски на 18 средби даде 4 гола, Руиз на 15 имаше 3 погодоци, учинок од кој тренерот Мичел Санчез не е задоволен и се бара нов голгетер.

Останува да се види на кого ќе падне изборот, но станува јасно дека Миовски ќе добие дополнителна конкуренција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни