Каталонскиот „Спорт“ пренесува: Готово е, постигнат е договор за Иван Ракитиќ

ivan-rakitic

Хрватскиот интернационалец, Иван Ракитиќ оваа година не е во прв план кај стратегот на Барселона, Ернесто Валверде.

Играчот од средниот ред во неколку наврати истакнуваше дека не е среќен што седи на клупата за резерви и најави дека би можел да ја промени средината со цел да добива поголема минутажа во друг клуб.

Сега весникот близок до Барселона, „Спорт“ пренесува дека постигнат е конечен договор и Ракитиќ од јануари ќе се пресели во редовите на Интер.

Италијанскиот тим најпрво ќе го добие Ракитиќ на шестмесечна позајмица, а на лето ќе треба да и плати на Барселона 30 милиони евра за целосен откуп на неговиот договор.

Facebook Коментари