Поврзете се со нас

Шпанија

Каталонската бајка не сопира: Спектакуларната тимска акција на Џирона го воодушеви тренерот Мичел (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Osasuna

Џирона игра атомски фудбал цела натпреварувачка сезона и е посебно брилијантна на домашен терен, а фановите на „Монтиливи“ вечерва уживаа во нова маестрална претстава.

Малиот каталонскиот клуб оствари нова победа во Ла Лига и најде решение за незгодната Осасуна, но начинот на кој стави точка на мечот беше навистина импресивен.

Џирона водеше 1:0 од раната фаза на натпреварот благодарение на голот на Порту, но во самата завршница домашните фудбалери креираа една спектакуларна акција, која со уште поубав гол ја запечати Савињо.

Фудбалерот кој се поврзува со трансфер во Манчестер Сити е најдобар играч на Џирона во историската сезона за овој клуб, а феноменалниот финиш и извонредната тимска акција го воодушевија и тренерот Мичел.

Џирона со оваа победа се врати на второто место на табелата, а со оглед на киксот на Атлетико, сега е се поблиску до обезбедување на топ четири пласман и историски билет за Лигата на шампиони.

Погодокот погледнете го ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни