Каталонците во акција: Барселона му носи вистинска конкуренција на Алба (Видео)

alba-valverde

Шпанскиот шампион Барселона се уште официјално нема повлечено потег на трансфер пазарот иако доста имиња се поврзуваат со великанот.

Ама без разлика на тоа од поодамна е јасно дека каталонците имаат неколку приоритети во овој летен преоден рок, а една од тие цели е да биде донесен квалитетен леб бек кој ќе биде сериозна конкуренција за Жорди Алба кој беше осамен минатава сезона и таа негова исцрпеност особено се почуствува во самиот финиш на сезоната во клучните мечеви.

Поради тоа Барса не сака да остави ништо да случајноста и веќе работи за еден трансфер-доведување на 25-годишниот Рафаел Гереиро на „Камп Ноу“. „Спорт“ пренесува дека шпанскиот прволигаш и Борусија Дортмунд се во контакт и преговаат за играчот кој има уште една година од актуелниот договор со „милионерите“.

Наводно Дортмунд сака 25 милиони евра, но каталонците веруваат дека можат да го добијат за помалце пари со оглед на тоа што му завршува договорот за една сезона.

Останува да видиме дали ќе падне договор меѓу двете страни или пак Барселона ќе побара друга опција со тоа што мора да се напоме што Португалецот во моментот е избор број еден.

Facebook Коментари