Поврзете се со нас

Свет

Каталонците тврдат: Дембеле доби понуда која тешко се одбива, но не е од Барселона

Објавено

на

Чави Ернандес на својата прва прес конференција како тренер на Барселона нагласи дека главен приоритет ќе биде да му се продолжи договорот на Усман Дембеле, играч кој тој го смета клучен за својот проект, но чиј договор истекува на крајот од оваа сезона.

Барса има уште малку време да подготви најдобра понуда и покрај сите финансиски лимитации, бидејќи во месец јануари, Французинот ќе може да стапи во контакт со било кој клуб и да се договори за соработка од наредното лето започнувајќи од месец јули.

Лапорта и неговите соработници прават максимални напори да го задоволат крилниот напаѓач со новиот договор, но „Мундо Депортиво“ утрово открива дека великанот од „Камп Ноу“ добил конкуренција која воопшто не е наивна.

Каталонскиот весник тврди дека Дембеле ќе сочека да ја слушне официјалната понуда од Барселона, но веќе на маса има една сензационална која тешко се одбива.

Весникот информира дека Њукасл нападнал со цела сила и сака да го осигура потписот на Дембеле, нудејќи му годишна плата од 15 милиони евра и дополнителен бонус за прифаќање на понудата од 15 милиони евра. Според „Мундо Депортиво“, ова прави Њукасл да биде во пол позиција за потписот на Дембеле, бидејќи Барселона нема да дојде ниту приближно до споменатите 15 милиони евра со оглед на финансиската состојба.

Сепак, изворот додава дека Чави може да има големо влијание врз изборот на фудбалерот, па надежите се дека Дембеле ќе реши да остане во клубот за многу помала плата од онаа што му ја нуди Њукасл, клуб кој неодамна го преземаа саудиски милијардери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни