Шпанија
Каталонците имаат други приоритети: Нејмар не е во плановите на Барселона

Нејмар по катастрофалната епизода во Ал Хилал се врати дома во редовите на Сантос и полека, но сигурно фаќа ритам со 3 гола и 3 асистенции на 7 натпревари.
Тој има договор до крајот на сезонава, па понатаму се говори за неговата иднина со тоа што тој во последно време постојано се поврзува со можен камбек во Барселона. Бразилецот наводно има голема желба да се врати на „Камп Ноу“, блиски луѓе до него сметаат дека тоа е возможно сценарио, а и се појави таква информација според која Барса дури и му поставила предизвик, да постигне најмалку 15 гола до крајот на кампањата ако сака да има можност да се врати во позната средина.
Меѓутоа „Мундо Депортиво“ има сосема друга информација и тоа дека напаѓачот воопшто не е во плановите на лидерот во Примера за следново лето без разлика дали е слободен играч или не. Неј не одговара на профилот на играчи кои Барселона ги бара ниту по возраст, ниту по квалитет, односно клубот има други приоритети.
Се бара соодветна замена за Левандовски, лево крило, а може да биде освежена и дефанзивата.
-
Репрезентација17 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства17 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија20 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
АТП21 час
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Македонија23 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
Репрезентација17 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства8 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Италија18 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!