Поврзете се со нас

Шпанија

Каталонците го слават Пуадо, Еспањол експресно се врати во Примера (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/RCDEspanyol

Еспањол е тимот кој ќе го гледаме во шпанската Примера во натпреварувачката 2024/2025, поточно тој е составот кој им се приклучи на Леганес и Валјадолид како дел од тројката која обезбеди место во елитната конкуренција.

Каталонците тоа го направија преку плејофот во кој прво го добија Спортинг Хихон со 1-0, а потоа и Реал Овиедо со вкупни 2-0.

Вечерва Еспањол славеше со 2-0 во Овиедо со двата гола кои во финишот на првото полувреме ги постигна Хави Пуадо. Пуадо стрелаше во 44 и судиското продолжение што се покажа како доволно за неговиот тим да ја избрише негативата од првото соочување и ја оствари посакувната цел, пласман во Примера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни