Поврзете се со нас

Шпанија

Каталонците дојдоа до целта: Атракција на Жоао Феликс за победа на Барселона (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBarcelona

Составот на Барселона дојде до трите посакувани бода во соочувањето со Кадиз во шпанската Примера.

Каталонците ги очекуваат два важни меча против Пари Сен Жермен и Реал Мадрид, па тренерот Чави Ернандес излезе со доста комбиниран тим кој иако не блескаше успеа да обезбеди минимална победа од 1-0, победа број 21 со која Барса одново е на минус осум во однос на „кралевите“.

Најважниот момент се случи во 37 минута кога Жоао Феликс со атрактивни ножички ја смести топката во мрежата на домаќините.

Следно на шпанскиот великан е реваншот со „светците“ во четвртфиналето во Лигата на шампионите, додека пак на 21 април е закажано дербито со Реал на „Сантијаго Бернабеу“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни