Поврзете се со нас

Европски купови

Кастратовиќ: Тулуз има квалитетен тим, ама можеме да го изненадиме

Објавено

на

Составот на Металург наредната седмица треба да го започне настапот во групната фаза на Лигата на Европа, а првиот предизвик е гостувањето во Франција кај тимот на Тулуз.

Тоа е тим кој не ја започна најдобро новата сезоната во првата француска лига и по четири кола има учинок од една победа и три порази, но без разлика на тоа се работи за квалитетен состав и тоа најдобро го знае предводникот на металурзите, Зоран Кастратовиќ.

-Самиот факт дека ќе играме против екипа од францускиот шампионат доволно зборува за квалитетот на нашиот прв противник во Лигата на Европа. Во изминатите дваесетина дена ги анализиравме нивната офанзивна игра и формациската поставеност во одбраната и сметам дека имаме доволно информации за да подготвиме соодветна противигра со која би ги изненадиле и би стигнале до победа и први бодови сезонава, -вели Кастратовиќ за „Нова Македонија“ и притоа додава:

-Тулуз има квалитетна и искусна екипа, која на сите позиции е покриена со одлични ракометари, на кои брзата транзиција им е најсилно оружје. Затоа, од првата минута на мечот ќе мораме да влеземе максимално борбено во одбраната и концентрирано во нападот, со единствена цел градење квалитетна и сигурна игра во која техничките грешки ќе бидат сведени на минимум, за да не му се дозволи на противникот да постигнува лесни голови, туку ние да бидеме тие што ќе го диктираат темпото на игра, -порача стратегот пред средбата закажана за 20 октомври.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни