Поврзете се со нас

Европски купови

Кастратовиќ: Спачва е добро анализирана, можеме да оствариме добар резултат за мирен реванш

Објавено

на

Екипата на Металург утре ќе го започне својот настап во ракометна Европа и тоа со пресметката против Спачва во квалификациите за пласман во групната фаза на Лига Европа.

Сите играчи на металурзите се чисти, имаа негативни тестови на КОВИД-19 што значи тренерот Зоран Кастратовиќ ќе може да смета на сите асови, оружја против хрватскиот прествавник. Кастратовиќ е уверен и убеден дека ако пристапот е сериозен и се исполни она што ќе биде договорено тогаш Спачване би требало да биде проблем за неговата екипа.

-Верувам дека со мотивирана игра и со сериозен пристап, каков што имавме на мечот со Пролет, не би требало да имаме никаков проблем на утрешниот натпревар со Спачва. Ја анализиравме нивната поставеност на играта, така што сметам дека доколку ја спречиме нивната игра со пикер, половина од работата е завршена. Имаме искусна и квалитетна екипа, за која сум убеден дека ќе знае да ја искористи секоја ситуација на теренот и сметам дека утрешниот резултат ќе ни гарантира мирен реванш во Винковци, -порача Кастратовиќ за официјалниот веб сајт на клубот.

Средбата се игра утре од 19 часот во салата Автокоманда во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни