Поврзете се со нас

Европски купови

Кастратовиќ: Секоја екипа од Хрватска не смее да се потцени, ама ние имаме јасна цел

Објавено

на

Екипата на Металург денеска го доби ривалот за првата квалифициска рунда во Лигата на Европа и тоа е составот на Спачва од Хрватска.

Тоа е екипа која минатото првенство го заврши на третата позиција на табелата (во отсуство на двете најсилни клубови ППД Загреб и Нексе) што секако не е за потценување, но во таборот на металурзите се свесни дека се фаворити, ама ќе мора тоа да го потврдат на терен.

Се работи за една полудиригирана ждрепка, па можеше и да се предвиди кој би можел да биде нашиот противник. Се работи за екипата на Спачва од Винковци, која доаѓа од Хрватска, а тоа е земја која е актуелен вицешампион на Европа. Затоа не смееме да го потцениме противникот и нема да се опуштиме. Засега немаме квалитетни информации за нашиот ривал, но ќе се обидеме што е можно побрзо да успееме да дојдеме до нив.

Средбата со Спачва ќе ни биде првиот официјален натпревар во новата сезона. Сосема извесно е дека сакаме да влеземе добро во сезоната, но сакаме во следниот петнеделен период и да оформиме игра по која Металург ќе биде препознатлив. Наша примарна цел е настап во групната фаза на Лига Европа– истакна за официјалниот сајт на клубот тренерот Зоран Кастратовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни