Поврзете се со нас

Италија

Кастилјехо откри дека бил ограбен среде Милано

Објавено

на

Фудбалерот на Милан, Саму Кастилјехо, објави преку социјалните мрежи дека бил ограбен на бензинска станица.

Шпанскиот фудбалер на невообичаен начин им се обрати на фановите, прашувајќи ги дали е се во ред во Милано.

– Дали е се ОК во Милано? Само што бев ограбен од две лица со вперен пиштол во глава, – напишал Кастилјехо на Инстаграм стори.

Дел од медиумите објавија дека фудбалерот бил жртва на криминалците откако застанал на семафор и бил принуден да им го даде луксузниот часовник.

Кастилјехо не е во комбинација за петочниот куп натпревар со Јувентус поради суспензија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни