Касорла испрати порака до фановите по првиот меч по пауза од 636 дена (ФОТО)

santi

Поранешниот шпански репрезентативец, Санти Касорла во текот на вчерашниот ден го имаше својот кам-бек на терените или поточно по пауза од 636 дена го одигра својот прв натпревар.

Касорла во изминативе две години мина низ невиден фудбалски хорор и сега преку Вилјареал се обидува да се врати на големата сцена, па така вчера ја одигра самата завршница на пријателската средба со Херкулес по што се огласи на социјалните мрежи со порака до фановите:

-Многу сум среќен и задоволен што се вратив да го правам она што најмногу го сакам, има уште многу работа пред мене, но ова е првиот чекор. Вечно сум им благодарен на луѓето за нивната грижа, порати тоа вредеше да дојдам до тука. Ви благодарам, -напиша Касорла.

Facebook Коментари