Поврзете се со нас

Шпанија

Каскарино: Азар не го сфати сериозно трансферот и тоа го плати со промашена сезона

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Челси, Тони Каскарино, отворено го критикуваше Еден Азар и вели дека не може да го препознае играчот од светска класа кој настапувал за лондонскиот клуб.

Според Каскарино, Азар несериозно го сфатил трансферот во Реал Мадрид, а цената која ја платил за тоа е целата актуелна сезона.

– Сите знаеме како може да игра Азар и каква разлика може да направи за својот тим.

– Но, тој не го сфати трансферот во Реал сериозно и тоа го плати со цела промашена сезона. Се појави на подготовките со вишок килограми, заработуваше повреди, а она што вчера го видовме е целосно друг фудбалер.

– Кајл Вокер вчера сигурно се чудеше дали е ова истиот Азар против кого играв кога настапуваше за Челси, – изјавил Каскарино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни