Поврзете се со нас

Шпанија

Касилјас значително го промени изгледот и се пошегува на своја сметка (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/ikercasillas

Икер Касилјас е добро познато име за цела спортска јавност, но поради последните промени кои ги направи на себе, лесно може да остане и непрепознатлив за обичните минувачи.

Касилјас е навистина активен на социјалните мрежи и пред извесно време го сподели својот нов имињ со целосно избричена глава, но сега откри дека морал да направи нова корекција.

Икер обелодени дека поради проблеми со видот во иднина често ќе го гледаме и со очила, па не пропушти шанса да си фати сеир сам на себе.

– Покрај тоа што ја избричив главата, исто така морам да носам и очила за да гледам одблизу…… Ова е уште една голема вест!!, – порача Касилјас.

Касилјас најубавиот дел од својата кариера го мина во Реал Мадрид, а кариерата ја заврши во Парто каде на крајот доживеа и огромен шок со преживеан срцев удар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни