Касилјас сподели каков стајлинг имал пред 15 години и ги запали социјалните мрежи (Фото)

IKER CASILLAS

Во изминатиов период доста популарен на социјалните мрежи стана предизвикот „15 години“, таг кој ги тера светски познатите личности да се навратат во минатото и да споделат фотографија од помладите години.

Со оглед на тоа што е еден од најактивните на друштвените мрежи, Икер Касилјас воопшто не се двоумеше да одговори на предизвикот, а сликата која ја одбра ја искористи за да си фати голем сеир на самиот себеси за стајлингот кој го имал во 2004-та година.

– Се надевам дека фотографијава нема да стане вирална. Ќе кажам дека не знам како сум дошол до вакво издание. Маица без ракави, панталони под колена и црни обувки… Неверојатно! Ако го додадеме часовникот на раката и уште некои други работи, најдобро е да не коментирам….

Facebook Коментари