Поврзете се со нас

Свет

Касилјас со гигантски потег ја покажа својата големина: Тие се шампиони, а не јас (Видео)

Објавено

на

Икер Касилјас доби улога во стручниот штаб на Порто откако минатата  година заработи срцев удар на еден од тренинзите, а судбината посака 15 месеци подоцна, славниот голман да се симне на теренот и да биде дел од шампионското славје.

Касилјас не  криеше дека за првпат стапнува на тревникот на „Драгао“ после повеќе од една година и емотивно го доживеа сето тоа, но во дадената ситуација, даде уште еден пример дека големината како спортист не може да се купи со пари.

Голманот кој низ годинините во повеќе наврати ни покажа дека има навистина посебни манири одби да се приклучи во прославата на играчите кои до неодамна беа негови соиграчи, потенцирајќи го нивниот успех на теренот.

– Тие се шампиони, јас сум само горд на успехот како човек кој го сака Порто, – му порача Икер на новинарот кој го запраша зошто не им се приклучува на фудбалерите кои станаа нови шампиони во Португалија по дерби триумфот над Спортинг Лисабон.

За Порто ова беше 29-та титула во Примеира, осум помалку од лутиот ривал Бенфика кој има 37 во своите витрини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни