Поврзете се со нас

Шпанија

Касилјас повторно го облече дресот на Реал и со маестрална парада потсети на најдобрите времиња (Видео)

Објавено

на

Foto:instagram.com/ikercasillas

Легендите на Реал Мадрид и Порто одиграа „Класик-меч“ на „Сантијаго Бернабеу“ и ја искористија репрезентативната пауза за да ги забавуваат фудбалските фанови во шпанската престолнина, кои попладнево се потсетија на една генерација на фудбалери која ретко дека некогаш ќе се повтори.

Икер Касилјас, Роберто Карлос, Зинедин Зидан, Фиго и Раул Гонзалес беа само дел од легендите на Реал кои истрчаа на теренот, но интересно победата ја однесоа гостите од Португалија.

Порто победи со 0:1 во необичен меч во кој Касилјас бранеше по едно полувреме за двата тима, а во првото режираше една парада со која потсети на најдобрите времиња.

Икер со мајсторска интервенција уште еднаш потсети зошто своевремено имаше убедливо најдобар рефлекс во светот, но потоа режираше и ситуација која стана вирална на социјалните мрежи.

Касилјас имаше едно лошо исфрлање со рака, односно го удри својот соиграч Алваро Арбелоа и неговата фацијална експресија брзо ги изнасмеа фудбалските фанови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни