Касилјас откри каков автомобил возел пред 20 години и го „запали“ интернетот (Фото)

iker-kola

Икер Касилјас во текот на денешниот ден е доста популарен во шпанската спортска јавност, бидејќи одредени медиуми излегоа со најави дека планот на легендарниот голман е да се кандидира на следните избори во кои ќе се гласа нов претседател во шпанската Фудбалска Федерација.

Касилјас се издвојува како сериозен кандидат на Рубиалес кој според прогнозите ќе нема никакви шанси против незаборавниот капитен на Реал Мадрид, кој пак од друга страна, во моменти на големи шпекулации се јави со една уникатна објава на Инстаграм. Икер е познат по тоа што е доста активен на социјалните мрежи, а сега ги почести своите фанови и следбеници со една уникатна фотографија од пред 20 години.

Голманот на Реал сподели една ретро фотографија од тренинг центарот на Реал Мадрид, со која откри дека во 2000-та година возел „Рено 19“, автомобил кој всушност бил во сопственост на неговиот татко.

– Што мислите за ова заминување од тренинг центарот на Реал Мадрид? Ова сигурно е историски документ!, – порача Икер.

Facebook Коментари