Поврзете се со нас

Шпанија

Касилјас направи интересна паралела за ангажманот на Мбапе и освоената титула во ЛШ (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/ikercasillas

Реал Мадрид вчера и официјално го потврди она што кружеше во јавноста веќе неколку месеци, односно соопшти дека Килијан Мбапе и дефинитивно е нов играч на новиот европски шампион.

„Кралевите“ конечно го дочекаа потписот од француската ѕвезда и тоа се случи само два дена по освената титула во Лигата на шампионите, која беше јубилејна 15-та за најтрофејниот клуб во Европа.

Ангажманот на Мбапе стана топ тема во Шпанија и тоа беше сосема очекувано со оглед на медиумската привлечност која ја има францускиот капитен, а покрај Кристијано Роналдо, со интересна реакција се јави и Икер Касилјас.

Поранешниот капитен на Реал на симпатичен начин пренесе какво значење има договрениот трансфер на Мбапе, па со својата објава на платформата „Икс“ привлече многу коментари.

– Јас не знам дали Лигата на шампионите ја освоивме во саботата, или сега со ангажманот на Килијан Мбапе, – порача Касилјас.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни