Касилјас ја сподели фотографијата од расплаканиот Буфон и му испрати крајно емотивна порака на својот пријател (Фото)

bufon-place

Џанлуиџи Буфон со многу емоции и растреперен глас го даде своето последно интервју како член на италијанската фудбалска репрезентација, а за негова несреќа, судбината посака тоа да биде на натпревар кој се истакнува како најголемо разочарување во новата историја на фудбалот во Италија.

Искусниот голман беше немоќен да им помогне на своите соиграчи во нападот кои никако не успеаја да го пробијат ѕидот наречен Шведска, па сосема очекувано, Џиџи целосно емотивно потресен и со солзи во очите потврди дека ова за него бил последен меч како голман на најсилната селекција на Италија.

Искрените солзи на Буфон и неговото збогување од селекцијата не оставија никого рамнодушен на Апенините, а истото важи и за Икер Касилјас кој добро познато е колку го почитува Џиџи и колку добри пријатели се со голманот на Јувентус.

– Воопшто не ми се допаѓа да те гледам вака! Сакам да те гледам како и досега, како тоа што си за многумина: Една големан ЛЕГЕНДА. Горд сум што те запознав и горд сум што те имав за противник многупати. Се уште треба да не радуваш во фудбалот, пријателу!, – гласи емотивната порака на Касилјас која е проследена со хаштагот „број еден“.

Facebook Коментари