Поврзете се со нас

Шпанија

Касилјас го избра најдобриот натпревар во историјата на Реал, Пике го „закопа“: Победивте со гол од офсајд! (Видео)

Објавено

на

Жерард Пике и Икер Касилјас водеа жестоки битки на „Ел Класико“ пресметките низ текот на годините, но откако ги завршија кариерите, многу често се блиску еден крај друг и редовно се појавуваат заедно во јавноста.

Последната таква средба на двете шпански легенди донесе нова низа препукувања на релација Барса-Реал, а како по традиција, задолжен за „солени“ провокации беше поранешниот стопер.

Со цел да промовираат нова кампања во седиштето на Ла Лига, Пике и Касилјас одговарале на новинарски прашања кои им биле поставени, а по еден одговор на Касилјас, Жерард ги дочекал своите „пет минути“.

Икер бил запрашан кој е најдобриот натпревар на Реал во историјата на фудбалот, по што Касилјас се одлучил за минималната победа над моќниот Јувентус остварена во големото финале во Лигата на шампиони (1998-ма година).

– Замислете, за најдобар натпревар во историјата на својот клуб го бира оној во кој победија со гол од офсајд. Мијатовиќ беше во офсајд, не ви помагаат ниту соопштение против судиите, ниту ништо слично.

– Со жалбите како онаа по мечот со Еспањол, Реал се обидува да направи „димна завеса“, тоа го прават веќе 120 години. Реал секогаш вршел притисоци во јавноста и тоа никогаш нема да се промени. Судиите можат да бидат лоши и да погрешат, истото важи и за ВАР, но Реал секогаш ќе врши медиумски притисок во јавноста, – потенцира Пике.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни