Поврзете се со нас

Шпанија

Касилјас ги потсети фановите на еден незаборавен ден на „Бернабеу“: Ќе се вратам во Реал! (Фото)

blank

Месец мај обично е период од годината кој фудбалерите ги потсетува на незаборавни моменти поврзани со финалињата во Лигата на шампионите, но откако во изминативе неколку дена видовме доста фото потсетници и моќни пораки од страна на играчите (меѓу кои и Горан Пандев), денеска се јави и легендарниот Икер Касилјас кој 23-ти мај ќе го памети по нешто друго.

На денешен ден пред точно пет години, Касилјас го одигра својот последен меч во дресот на Реал Мадрид, и тоа во сценарио во кое на „Сантијаго Бернабеу“ беа постигнати дури десет гола.

Реал го победи Хетафе со 7:3 и Касилјас скромно се прости со фановите, за неколку дена подоцна да стане јасно дека става крај на својата незаборавна етапа во Реал.

Икер не доби ниту достојна проштална изведба и се збогуваше од клубот на прес-конференција на која беше осамен, а иако во повеќе наврати има нагласено дека можело да биде многу подобро, тој и натаму е и тоа како приврзан кон клубот.

– Последниот меч во Мадрид. Еден ден ќе се вратам!, – порача Икер.

Продолжи
Реклама
Реклама
Реклама

Facebook