Касемиро за својот стил на игра: Секогаш одам по топката како да е чинија со храна

kasemiro

Карлос Енрике Касимиро или попознат само како Касемиро низ изминативе години се наметна и стана играч без кој не може да се замисли почетната постава на Реал Мадрид и бразилската репрезентација.

Тој секогаш е подготвен да го даде максимумот на секој дел од теренот, односно едноставно за него нема загубена топка или топка која не може да се освои. Токму таа негова ангажираност, агресивност го прави да биде тоа што е или во случајот за него секоја топка е како чинија со храна.

-Агресивен сум во поглед на топката. Не ми е грижа дали е втора или 90-та минута. Јас секогаш одам на топката како што одам за чинија со храна. Јас секогаш одам на топка како да е последна, -порача играчот за врска.

Facebook Коментари