Поврзете се со нас

Англија

Касемиро за неговата иднина во Јунајтед: Ако некој играч е среќен што е на клупа…

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Касемиро од 2022 година е член на премиерлигашот Манчестер Јунајтед, но се погласни се информациите дека токму оваа кампања ќе биде негова последна во таборот на англискиот великан.

Тој има договор до 2026 година, меѓутоа веќе не е во прв план, а воедно е меѓу најплатените играчи во екипата и токму поради тоа наводно клубот е подготвен да се раздели.

Овие информации сигурно допираат и до Бразилецот кој даде еден дипломатски одговор кога е во прашање неговата иднина на „Олд Трафорд“.

-Прерано е да се зборува за следната сезона, но секако имам уште една година договор, а потоа опција. Имаме важни натпревари, а во недела го имаме Арсенал. Прерано е да се зборува за следната сезона. Тука сум, достапен сум, со целосна среќа и подготвен сум за тренерот и клубот. Како што сите знаат, јас сум голем карактер за клубот, -рече Касемиро и додаде:

-Секако дека сакам да играм, но секогаш велам, а тоа се моите вредности, многу го почитувам тренерот, го почитувам клубот. Секој ден кога доаѓам во Карингтон или Олд Трафорд и се трудам да дадам се од себе. Ако некој играч е на клупата и е среќен, тој не вреди ништо за ниту еден тим. Секако дека сакам да играм, сакам да имам поголема минутажа, но тренерот е тој што ги носи одлуките, а јас имам голема почит кон него и кон клубот, -заврши искусниот играч за врска.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни