Касемиро: Во академијата на Реал ја гледаш другата страна на фудбалот

kasemiro

Карлос Енрике Касимиро или попознат само како Касемиро веќе доста време е дел од Реал Мадрид и денеска е еден од најважните играчи на клубот од шпанската престолнина.

Тој од 2013 година е „крал“, прво играше за вториот тим, академија за да потоа дојде до главната екипа со која ги освои сите можни трофеи. Големиот борец признава дека играњето за Реал за него е сон, но воедно искрено проговори за случувањата во академијата каде што можел да ја види другата страна на фудбалот.

-Луѓето ме прашуваат како е да се игра за Реал Мадрид Кастилја и академијата. Јас секогаш велам дека тоа е сон. Имате луѓе кои потпишале за 6, 80, 50, 45 милиони евра. Тоа е сон на сите во светот, да дојдат во Реал како ѕвезди. Јас секогаш велам дека за мене беше задоволство и голема чест што играв во академијата на Реал. Многу уживав затоа што ги научив вредностите на клубот, -истакна Бразилецот и додаде:

-Ама да играш за академијата, да патуваш со австобус до Сабадел е и да ги видиш другите работи, „грдата“ страна на фудбалот, -вели Касемиро за „Либеро“.

Facebook Коментари