Поврзете се со нас

Шпанија

Касемиро: Треба да бидеме реални околу Бејл и да заклучиме едно нешто!

Објавено

на

Тони Крос пред извесно време нагласи дека ситуацијата со која се соочува Герет Бејл во Реал Мадрид не е задоволувачка за никого, но набрзо после тоа, агентот на фудбалерот нагласи дека Велшанецот воопшто не размислува да ја напушти шпанската престолнина, без оглед на тоа што речиси да не добива минутажа од Зидан.

На Бејл очигледно му одговара да седи на клупата и да си ја добива астрономската плата која му е загарантираната до 2022-ра година, но за разлика од медиумите кои сметаат дека Герет воопшто и не се труди да го промени својот статус на теренот, Бразилецот Касемиро сега нагласува дека неговиот соиграч дава се од себе на тренинзите.

Според неуморниот играч за врска, Бејл е еден од тројцата најдобри играчи во светот кога е во врвна форма, но признава дека во овој момент е далеку од тоа ниво.

– Сите имаме тешки моменти од време на време. Бејл напорно работи и знае дека ова не е најдобар момент во неговата кариера. Сепак, тој работи, има поддршка од соиграчите и од тренерот. Тој е неверојатен играч и важен играч за нас, може да изненади во секој момент и го има докажано тоа повеќе пати. Сите сметаме на него, кога е на своето ниво, тој е во топ 3 играчи во светот. Сепак, треба да бидеме реални и да заклучиме дека во овој момент не е во најдобра форма, – изјави Касемиро кој даде искрен одговор и за продолжување на договорот со Реал.

– Тоа е комплицирано прашање во овој момент. Не е време да се зборува за тоа. Треба да мислиме на Сити и на ништо друго. Клубот минува во тешки моменти поради кризата со коронавирусот и кога ќе дојде време, клубот ќе зборува со мојот агент, – нагласи Касемиро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни