Англија
Касемиро се исповеда во Англија: Речиси цела кариера играм со погрешно име на дресот!

Касемиро со напорна работа и огромен труд се избори за славата која ја доживеа како еден од најдобрите дефанзивни играчи за врска, па откако испиша историја во Реал Мадрид, сега доста брзо се адаптираше и во Англија.
Иако беше доста претпазлив на почетокот, сега Касемиро веќе е клучен играч во ростерот на Ерик Тен Хаг и со своето залагање ги воодушевува навивачите на Манчестер Јунајтед, кои денеска благодарение на интервјуто кое го направи за „Би-Би-Си“ дознаа и една интересна анегдота за Бразилецот.
Вистинското име на Касемиро е Карлос Енрике Касимиро, а искусниот фудбалер сега откри зошто речиси цела кариера игра со погрешно спелувано име на дресот.
– Сакам да зборувам за моето име. Се сеќавам дека играв натпревар за Сао Пауло и моето име беше погрешно напишано. Тие го напишаа со „Е“. Се сеќавам дека тој меч го одиграв навистина добро, па бидејќи сум доста суеверен, побарав да не го менуваат и постојано да стои Касемиро.
– Од тој момент, си остана Касемиро. Инаку, моето име е Карлос Енрике Касимиро. После тој натпревар, немаше потреба да се менува и речиси цела кариера ја играм со погрешно име на дресот, – открива Бразилецот.
-
Македонијапред 13 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 10 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 23 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 21 час
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 23 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Италијапред 17 часа
„Кориере“: Мурињо донесе конечна одлука, знае каде ќе работи наредната сезона