Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Касемиро призна дека страдал гледајќи го четвртфиналето на „Итихад“: Реал има среќна ѕвезда!

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Касемиро доживеа многу незаборавни ноќи во Лигата на шампионите како член на Реал Мадрид и дури пет пати го подигна најпрестижниот трофеј, но како човек кој добро знае како се поставени работите во „кралскиот клуб“, призна дека е тешко да се објаснат натпревари како оној против Манчестер Сити.

Реал беше во инфериорна улога речиси цел меч и жестоко се бранеше од налетите на „граѓаните“, но на крајот некако стигна до пенал рулетот и успеа да слави за пласман во полуфиналето.

Голем дел од јавноста заклучи дека елиминацијата на Сити е фудбалска неправда, но Касемиро потенцира дека со Реал ништо не може да се земе здраво за готово, дури и кога тимот не игра атрактивен и допадлив фудбал.

– Тешко е да се објасни врската која ја има Реал Мадрид со Лигата на шампионите. Тимот едноставно се трансформира кога доаѓаат најважните европски ноќи. Реал ја имаа таа среќна ѕвезда, ја има онаа потребна ѕвезда како што видовме во Манчестер.

– Ударот со глава на Халанд заврши во гредата и излезе надвор….. Неверојатно е тоа што се случува со Реал во ЛШ. ДНК-та на Реал е да победува и тоа е најважно. Ако ја освоите Ла Лига, ве прашуваат зошто не сте ја освоиле и Лигата на шампионите. Големите побарувања за некои изгледаат исрцпувачки, но во Реал се ужива. Играњето во Реал ви носи притисок секој ден и јас добро го знам тоа, – изјави Касемиро.

– Страдав како фан на Реал Мадрид на мечот со Сити. Знаев дека ќе биде тешко, Сити има многу добри играчи и неверојатен тренер кој знае на што игра. Реал се бранеше, се бранеше и се бранеше и на крајот се одбрани. Многу сум среќен за моите поранешни соиграчи, – завршува Бразилецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни