Лига на шампиони
Касемиро откри каков прекар користи претседателот Перез за него, Модриќ и Крос

Реал Мадрид ја продолжи доминацијата во фудбалска Европа по четиригодишна пауза, односно стигна до петтата титула во Лигата на шампионите во последните осум години.
„Кралевите“ освоија три последователни трофеи и четири во пет години до 2018-та, но по краткото затишје кое го имаа, оваа сезона одново издоминираа на стариот континент под водство на Карло Анчелоти.
Победничкиот ген на Реал во Европа едноставно тешко може да се објасни со зборови, но истото важи и за тројцата играчи кои беа клучни во сите шампионски походи.
Касемиро, Модриќ и Крос стигнаа до својот петти трофеј во Лигата на шампионите во Париз, а Бразилецот сега открива дека претседателот Перез има специјален прекар за нив тројца.
– Флорентино Перез не нарекува „три тенори“. Јас, Модриќ и Крос заслуживме да влеземе во историјата на овој клуб и да бидеме дел од неа откако ќе ги завршиме кариерите. Последниот трофеј ќе го паметиме до крајот на нашите животи, мислам дека тоа е најдобрата приказна што се случила во историјата на Лигата на шампиони, – потенцира Касемиро.
-
Шпанијапред 22 часа
Сестрата на Роналдо се навреди од ироничната порака на Перез и дрско му одговори на Инстаграм (Фото)
-
Англијапред 21 час
Фабрегас се исповеда: Го погодив Фергусон со пица бидејќи ми беше страв да влезам во тепачката!
-
Германијапред 18 часа
Ексклузива на германски „Скај“: Компани направи пресврт, Чурлинов постигна конечен договор (Фото)
-
Светпред 15 часа
Познати номинираните фудбалери за „Златната топка“, на списокот нема една голема ѕвезда
-
Англијапред 16 часа
Вернер: ВАР ме уништи во Челси, поставив рекорд кој никој нема да го урне
-
Шпанијапред 23 часа
Леванте и Трабзон го потврдија трансферот на Барди: Благодариме, ти посакуваме огромен успех
-
Шпанијапред 14 часа
Барселона почна да ги регистрира засилувањата, засега виси само еден нов играч на Чави
-
Англијапред 18 часа
Играч на Челси заспа додека добиваше третман, Жоржињо го разбуди со шлаканица (Видео)