Поврзете се со нас

Шпанија

Касемиро одново се истакна како голгетер, Реал сериозно му се доближи на Атлетико (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид немаше уверливо издание на гостувањето на стадионот „Хосе Зорилја“ и отсуството на Карим Бензема можеше да се почувствува во стартната постава на Зинедин Зидан, но во отсуство на Французинот, се истакна вториот најдобар стрелец на тимот кој е вистинско изненадување кога се во прашање погодоците.

Бразилецот Касемиро го постигна шестиот погодок од стартот на натпреварувачката сезона, а истиот се покажа како доволен за важна победа и големи три бода на „кралевите“, кои имаат посебна важност ако се знае дека Атлетико Мадрид денеска киксираше против Леванте и во период од неколку дена загуби дури четири бода на врвот на табелата.

Реално гледано, Валјадолид беше подобар во првото полувреме и испрати дури три удари во голот на Куртоа, но Белгиецот беше на висина на задачата, по што Реал како многупати досега, победи со гол во вториот дел.

Касемиро беше највисок по еден центаршут на Тони Крос во 65-та минута, а погодокот кој беше постигнат на средина на вториот дел се покажа како пресуден за минимален триумф од 0:1.

Реал Мадрид заврши голема работа и дојде на само минус три бода од лидерот Атлетико Мадрид, кој има натпревар помалку, но влезе во резултатска криза со пораз, победа и две реми средби на последните четири натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни