Касемиро не бара оправдување: Ни фали Роналдо, но тоа веќе е минато…

kasemiro

Екипата на Реал Мадрид не успеа да дојде до првиот трофеј во новата сезона, односно загуби од Атлетико Мадрид со 4-2 во битката за Суперкупот на УЕФА.

Многумина почнаа да прават компарациите, но и да бараат оправдувања за овој пораз во заминувањата на Зинедин Зидан и Кристијано Роналдо, меѓутоа овој став не го дели големиот борец Касемиро кој по неуспехот во Талин јасно и гласно порача:

-Секако боли што не ја освоивме титулата, но ова е само почеток. Ние веруваме во нашиот тренер. Ние во Реал не браме изговор, ние победуваме и губиме заедно, -рече Бразилецот и додаде:

-Секако дека ни фали Роналдо, но тоа е веќе минато. Не можеме да го скриеме тој факт, тој би му фалел на секој клуб на светот. Немаме подобар или полош тим поради еден резултат, во односн на засилувањата тоа е прашање за оние кои се над мене, -истакна Касемиро кој поради повреда предвреме ја заврши битката со Атлетико.

Facebook Коментари