Англија
Касемиро и Бруно режираа фудбалски бравури, Ван Нистелрој уживаше од клупата (Видео)
Манчестер Јунајтед се „распука“ на првиот натпревар без Ерик Тен Хаг, па така оваа вечер гледавме ултра офанзивен фудбал од „ѓаволите“ кои постигнаа дури пет гола во мрежата на Лестер.
Осминафиналето во ЕФЛ Купот мина целосно во знакот на домашниот тим, кој уште во првото полувреме стави до знаење дека ќе се пласира во наредната фаза.
Касемиро со спектакуларен гол го стана на нозе Руд Ван Нистелрој и донесе огромна насмевка на лицето на привремениот тренер, а тоа беше само најава за спектакуларното прво полувреме кое го гледавме на „Олд Трафорд“.
Во првите 45 минути, видовме уште по еден гол на Гарначо, Фернандеш и Касемиро, додека Лестер постигна два преку Ел Канус и Коуди за неверојатни 4:2 на паузата.
Ова беше добра најава за сите присутни на театарот на соништата, а веќе на стартот на второто полувреме беше решено прашањето околу победникот, откако Бруно со футсал мајсторија го издрибла голманот и погоди за недостижни 5:2.
Голот на Касемиро погледнете го ТУКА
Голот на Бруно погледнете го ТУКА
-
Шпанија23 часа
ВАР поништи гол за Барселона под сомнителни околности, лидерот падна во Баскија (ВИДЕО)
-
Италија12 часа
Конте бесен по дербито со Интер: Вакви одлуки поттикнуваат теории на заговор! (Видео)
-
Англија12 часа
Аморим: Руд е легенда на Јунајтед, морам да разговарам со него
-
Шпанија14 часа
Ханси Флик: Не бев бесен, му кажав само една работа на судијата за милиметарскиот офсајд на Левандовски
-
НБА13 часа
Јокиќ со брутално издание ја доби кошаркарската драма со Дончиќ (Видео)
-
Англија13 часа
Артета лут: Ова не се стандардите кои ги наметнавме
-
Европски првенства22 часа
Лазаров: Нема простор за паника, имаме јасно поставена цел!
-
АТП24 часа
Синер со сигурна победа го отвори завршниот турнир во Торино (ВИДЕО)