Поврзете се со нас

Англија

Касемиро го пронајде својот наследник во Манчестер: Јунајтед доби играч кој ќе биде еден од најдобрите

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Касемиро добиваше доста невкусни критики од експертите и медиумите на крајот од минатата година и беше посочен како една од најслабите алки во тимот на Ерик Тен Хаг, но неговото враќање во првиот тим ги фрли во вода сите овие тези.

По санирањето на повредата која го оддалечи од терените речиси три месеци, Касемиро се врати во стартната постава и Јунајтед влезе во серија од пет последователни победи со него во средниот ред, но реалноста е дека има и една голема промена во средниот ред.

Важен играч во системот на Тен Хаг стана Коби Маино, суперталентираниот 18-годишен играч за врска, за кого Касемиро има само пофални зборови.

– Прво и основно, сакам да му честитам на Коби за тоа што го прикажува. Има само 18 години и веќе е стартер за клуб како Манчестер Јунајтед. Верувајте дека не е лесно, овој клуб создава голем притисок, но тој веќе покажа дека Јунајтед доби играч за нарердните години. Тој е топ класа, извонреден е, а што е најважно, понизен е и напорно работи.

– Знае да слуша и уживање е да се работи со него. Почнав да играм со него откако се вратив од повреда и брзо сфатив дека Јунајтед доби играч кој ќе биде еден од најдобрите во годините кои претстојат, тоа е сигурно. Мора да му оддадеме признание, тој е извонредно дете и среќен сум што игра од наша страна. Се додека работи напорно како сега, ќе бидеме сигурни дека имаме играч за иднината, – вели Касемиро.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни