Поврзете се со нас

Англија

Касемиро го прекина молкот за својата несфатлива ситуација во Јунајтед

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Големите проблеми со повредени фудбалери го натераа Рубен Аморим да го стави Касемиро во стартната постава, што всушност беше прв натпревар за искусниот Бразилец во почетните 11 по пауза од девет меча.

Касемиро се најде во немилост кај новиот менаџер и дојде до ситуација да се бори за своето место во тимот, па иако според многумина не заслужува такво нешто поради фудаблското реноме кое го градеше во Реал Мадрид, играчот за врска не планира да го напушти „Олд Трафорд“.

Иако засега не успева да се наметне во тимот на португалскиот стручњак, Касемиро има за цел да се бори за своето место, а тоа го нагласи во ексклузивното интервју за „АС“.

– Морам да продолжам да го правам тоа што најдобро го правам, а тоа е да работам со почит и едуцираност. Секако дека сакам да играм повеќе, не знам дали постои играч кој би сакал да седи на клупата за резерви. Цела оваа нова ситуација за мене ја прифаќам со голема почит кон соиграчите и стручниот штаб.

– Многу сум благодарен на Јунајтед како клуб и голема е гордоста што играм за нив. Имам уште една ипол година од договорот и сакам да го одработам истиот. Комотно ми е тука, не само мене, туку на целото семејство. Се адаптиравме многу добро, сите зборуваме англиски и благодарен сум на поддршката која ја добивам од фановите. Не сум среќен на клупата за резерви, но тоа е друга тема за разговор, – изјави Касемиро.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни