Поврзете се со нас

Англија

Касемиро доби жолт картон поради глума на противникот, реакцијата на Бразилецот стана вирален хит (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Касемиро доби лоша репутација во Англија поради острите стартови и беспоштедната борба на секој дел од теренот, но поради таквиот пристап, Бразилецот понекогаш знае да биде неправедно третиран од страна на главниоте арбитри.

Денеска слободно може да се каже дека Бразилецот доби жолт картон само поради тоа што се вика Касемиро, а неговата реакција по јавната опомена стана вирален хит.

Дефанзивецот Мати Кеш се фрли во празно по еден продор и направи да изгледа дека е фаулиран од Касемиро, но всушност Бразилецот само се обидуваше да се тргне и воопшто не го допре десниот бек.

И покрај тоа, Касемиро доби жолт картон од главниот судија Џоунс, по што фудбалските фанови можеа да видат и една легендарна реакција од поранешниот играч на Реал Мадрид.

Искусниот Бразилец не можеше да поверува на што наседна судијата, па во бунило се вртеше на сите страни и режираше видео кое брзо стана вирален хит.

Моментот погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни