Италија
Касано за потенцијалот на Леао: Тој може да биде само резерва во Премиер лигата

Антонио Касано повторно предизвика многу реакции со една изјава, во случајов спротивставувајќи се на ставовите дека Рафаел Леао ќе прерасне во еден од најдобрите фудбалери во светот.
Португалецот се уште не го продолжил договорот со Милан и е поврзуван со трансфер во Премиер лигата, но Касано не е убеден дека тоа би била добра инвестиција.
– Можеби Леао е најдобар во Серија А, но проблемот е што Серија А е петтото најдобро првенство во Европа.
– Дали Леао може да игра на местото на Грилиш во Сити? Веројатно да, но според мене тој никогаш не би бил прв избор во најдобрите европски клубови.
– Ливерпул го има Диаз и да го избереш Леао пред него е лудост, ако се случи тоа да ја прекинеме емисијата и да си одиме дома. Дали треба да ги споменам, Фати, Нејмар, Мбапе или Санчо, тие се на друго ниво.
– Еден Винисиус може да направи разлика на дуел против Сити, а Леао прави разлика против Емполи и Болоња. Не гледам дека прави нешто корисно во Лигата на шампионите. Во најдобрите екипи во моментов, Леао може да биде само резерва, – вели Касано.
-
Светпред 18 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 22 часа
Неверојатни бројки зад името на Столе: Само еден голман во Ла Лига е подобар од Димитриевски (Фото)
-
Шпанијапред 9 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 17 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 18 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
НБАпред 9 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Англијапред 21 час
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
Шпанијапред 18 часа
„Марка“ демантира: Перез точно знае кога ќе одлучува за иднината на Анчелоти