Поврзете се со нас

Италија

Касано за циркусот кој го приредил Де Лаурентис на полувреме од дербито меѓу Наполи и Милан: Следниот пат ќе го замени тренерот

Објавено

на

Foto:instagram.com/antoniocassano

Наполи беше во навистина подредена улога во првото полувреме против Милан и имаше среќа што прими само два гола во овој дел од натпреварот, бидејќи „росонерите“ не искористија уште две-три големи шанси за убедлива предност.

„Росонерите“ не го решија натпреварот и потоа добија казна за тоа во вторите 45 минути, во кои Наполи возврати со два гола и успеа да се избори за реми и еден освоен бод.

Враќањето во дербито беше позитивна вест за Руди Гарсија кој направи три измени на полувреме, но италијанските медиуми открија дека имало интервенција и од Аурелио Де Лаурентис, кој веднаш по крајот на првиот дел се симнал во соблекувалната и одржал лекција со која се обидел да ги мотивира фудбалерите.

Овој потег на газдата на клубот наиде на поделени реакции во италијанската јавност, но еден од оние кои се противат на ваквиот метод е Антонио Касано.

– Тоа што се случило во Неапол е голема лудост. Веќе не сфаќам дали ова е фудбал, кино или циркус. Следниот пат најверојатно ќе седне на клупата на местото на тренерот и ќе го води тимот, – вели Касано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни