Поврзете се со нас

Италија

Касано: Враќањето на Раниери е одвратно, на Рома и треба…..

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialASRoma

Клаудио Раниери реши да ги стави пензионерските денови во мирување и после неколку месеци повторно му се врати на фудбалот, особено откако доби понуда која тој смета дека не се одбива.

Рома влезе во сериозен хаос во последно време и лошото раководење на Дан Фридкин резултираше со тренерски смени на Де Роси и Јуриќ, па Раниери сега пристигна да го „гаси пожарот“ во италијанската престолнина.

Со оглед на тоа што е миленик меѓу тифозите на Рома, кам-бекот на Раниери беше позитивно прифатен од фановите, но Антонио Касано смета дека ова е уште еден одвратен потег на семејството кое раководи со клубот.

– Според мене, Фридкин семејството направи уште еден хаос. Што ли мислат дека направија со Раниери? Видоа дека опкржувањето е отровно и дека фановите се бесни на нив, па откако сфатија дека не можат да го вратат Де Роси, донесоа некој што ќе ги смири страстите.

– Со сета почит кон Раниери кој е вистински џентлмен, мора да признаеме дека самиот рече дека е „готов“. Тој самиот кажа дека веќе не сака да биде тренер, дека веќе не чувствува емоции за да биде тренер. Решија да вратат човек кој се пензионираше само за да ги смират фановите. Во Рома тој носи мир и спокој, но на клубот му треба нешто друго. Му треба тренер со глад и интернационално искуство, лидер кој може да го носи тимот напред.

– Раниери на првиот прес ги бранеше Фридкин и зборуваше како иден директор. За мене ова е одвратно. Знам дека луѓето се среќни и дека се горди на Раниери, но за мене е одвратно. Вратија човек од пензија да биде тренер, а тој човек најверојатно ќе стане директор следната година, – вели Касано.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни